Skip to main content

листа природно наследство Алмопија

Општо претставување Тековна состојба Биоразновидност Καθεστώς προστασίας Одлики/специфичности на областа Развој на природната локација/ресурс низ времето/тековна состојба Случајни податоци/степен на деградација Степен на второстепено искористување Степен на идно искористување Неопходни интервенции за промоција Неопходни интервенции за промоција Микроклима Флора Фауна Tags
Добро Поле и шумата во Промахи - Ликостомо Висорамнината Добро Поле претставува дел од планината Ворас, североисточно од Црна Шума и клисурата Правобор. Оддалечена е околу 15 километри од напуштеното село Ано Лутраки и се наоѓа малку повисоко од напуштената населба „Каливја Василаку“. Се работи за висорамнина со голема еколошка вредност и убавина, формирана над вулкански кратер, на чија површина се формираат мали езерца и канали, а опкружена е со букова шума.  Претставува најголемо активно блато во земјата со површина од 3.350.000 м2 и се наоѓа на надморска висина од 1.750м, точно над граничната линија што ги дели Грција и пЈРМ; всушност, можеме да ги видиме и столпчињата на кои е прецизно назначена граничната линија. Покрај еколошката вредност, Добро Поле претставува еден значаен дел од историјата на областа, бидејќи на оваа територија се водеа жестоки битки, како во текот на Првата светска војна, така за време на граѓанската војна. Вредно е да се спомне големата битка меѓу Французите, Србите, Бугарите и Германците, позната како „Битка на Добро Поле“, во која загинаа илјадници војници. Во текот на граѓанската војна, висорамнината се користеше како аеродром на Демократската војска на Грција[1].[1] Водич од издавачката куќа Explorer, Планинска Пела, 2005. 

Патот за Добро Поле е шумски и неопходно е соодветно возило. Сепак, оваа патна мрежа е во добра состојба и означувањето би можело да се опише како задоволително. За да стигнеме до висорамнината, го поминуваме Ано Лутраки и продолжуваме северно кон планината следејќи ги ознаките. Неколку километри по Ано Лутраки, можеме да направиме пауза кај точката Греждин, каде постои стреа, маса и вода за пиење. На оваа точка исто така ќе најдеме и многу костенови дрва, кои заедно со уредениот простор, го прават местото соодветно за пикник.

За љубителите на пешачењето и планинарењето, пристапот кон висорамнината може да се изведе и пешки, со почетна точка од местото „Станес“, над Ано Лутраки. Оттаму постојат разни меѓусебно слични планинарски патеки, и ги опфаќаат точките кај брдото Гераки, Скопја, Пану, Маврорема, Французо и др., сите со завршна точка на Добро Поле. Најпознатите патеки со почетна точка од висорамнината се оние кои завршуваат на врвовите Кравица и Сокол и од кои глетката е уникатна.

Враќајќи се со возило, вреди да се спомне патот со правец кон Промахи, кој ја поврзува Добро Поле со уште две интересни места во областа: шумскиот комплекс Промахи-Ликостомо и Српските гробишта. Во првото, меѓу другото, го наоѓаме реткиот вид петигличести борови (Pinus peuce), а во второто ги среќаваме камените гробови на паднатите Срби од Првата светска војна. По маршрутата ќе ја сретнеме почетната точка на шумската патека за Петерник, а вреди да направиме една пауза кај просторот за одмор во точката Папранѕа, каде ќе најдеме дрвени маси, клупи и специјално наменети ложишта за оган. Овој простор е соодветен за кампување.

За двете точки (шумски комплекс Промахи - Ликостомо и Српските гробишта) степенот на тековно искористување е доста мал. Особено во случајот на Српските гробишта, гробовите тешко се распознаваат меѓу камењата, не постојат ознаки, и општо земено, местото е целосно запуштено. Вредно е да се спомнат и големиот број војнички патеки во областа (една можеме да видиме веднаш над гробиштата), создадени од сојузничката војска.

Во рамките на историјата на воени судири кои се случија во областа Алмопија, Добро Поле навистина се поврзува со точките каде се случија воени судири, како за време на Првата светска војна, така и во текот на граѓанската војна. Такви точки се Српските гробишта, црквата Свети Димитриј во Ксифиани за која се вели дека служеше како набљудувалиште на српската артилерија, клисурата во Нотиа на Џена, каде сè уште постојат рушевини од судирите, и планинските венци на Пиново, каде до денешен ден наоѓаме ровови, набљудувачки позиции и муниција. 

Добро Поле претставува висок тревесто - мочуриштен терен со ботанички и фитогеографски интерес. Едно е од малкуте планински блата кои постојат во Грција, со разни видови мов и растенија што се хранат со инсекти, како Drosera anglica и Prosora Intermedia, а во неговата фауна спаѓаат животните како: 

  • волкот (Canis lupus L.),
  •  златниот орел (Aquila chrysaetos chrysaetos),
  • орелот - змијар (Circaetus gallicus),
  • египетскиот мршојад (Neophron percnopterus).

 

Се работи за област со исклучителна природна убавина и нејзината природна состојба е одлична. Не поминала низ никакви човечки интервенции, освен за водоснабдување, и нејзината состојба се чини дека е стабилна, но неопходно е нејзино одржување, бидејќи веќе со векови не подлежи на никакви промени. Како и во останатите високи планински области на планините Ворас, Пиново и Џена, климата на висорамнината е континентална влажна, со краткотрајно топло лето, без сув период и студена зима, за време на која снежните врнежи и деновите со голомраз се зголемени.

На ова место, вредно е да се осврнеме и на шумата во Промахи - Ликостомо. Овој шумски комплекс е назначен за Споменик на природата од 1985 со цел да се врши истражување на петигличестиот бор (Pinus peuce). Во неговата фауна среќаваме срни и зајаци, а во неговата флора има особено ретки видови, како на пример:

  • петигличест (Балкански) бор (Pinus peuce)
  • бел бор (Pinus silvestris)
  • црн бор (Pinus nigra)
  • бука (Fagus silvatica)
  • елка (Abies borisii regis)
  • даб (Quercus sessiliflora)
  • габер (Carpinus betulus)
  • црн јасен (Fraxinus ornus)
  • смрека (Juniperus oxycedrus)
  • јавор (Acer campestre)
  • Paliurus aculeatus
  • платан (Platanus orientalis)
  • лешник (Corylus avellana)
  • чинар (Acer pseudoplatanus)
  • црн габер (Ostrya carpinifolia)
  • јасика (Populus tremula)
  • бреза (Betula pendula)
  • врба (Salix sp.)
  • липа (Tilia tomentosa)
  • папрат (Pteridium aquilinum)
  • Festuca ovina
  • Lathyrus inermis
  • Lapsana communis
  • Trifolium montana
  • коприви (Urtica urens)
  • Viola hirta
  • Asperula odorata

 

Во областа на

ТАКСОН

ОБЛИК

ОПШТА РАСПРОСТРАНЕТОСТ

УСЛОВИ

РАСПОРЕД ВО ПРОСТОРОТ

Onosma heterophyllum Griseb.

Ливадарка

Балкан

1,3 4

Добро Поле

 

Paronychia macedonica Chaudhri

Ливадарка

Балкан

 

Добро Поле

Gnaphalium uliginosum L.

Ливадарка

Поширока распространетост

 

Добро Поле

Carex lasiocarpa Ehrh.

Трева

Поширока распространетост

 

Добро Поле во близина на граничната линија

Bruckenthalia spiculifolia (Salisb.) Reichenb.

Грмушка

Балкан

 

Добро Поле

Genista tinctoria L.

Ливадарка

Балкан

 

14 км. западно од Промахи,

Добро Поле, Српски гробишта,

Црна Шума, Кајмакчалан

Gentianella bulgarica (Velen.) Holub.

Ливадарка

Поширока распространетост

 

Добро Поле,

ЈСЗ од Пефкото,

Thymus stojanovii Degen

Ливадарка

Балкан

 

Добро Поле

Pinguicula balcanica Casper subsp. Baicanica

Ливадарка

Балкан

 

Добро Поле

Crocus pelistericus Pulevic

Ливадарка

Балкан

 

Добро Поле

Epilobium vernonicum Snogerup

Ливадарка

Ендемичен вид

 

Добро Поле

Dactylorhiza sambuclna (L.) Soo

Ливадарка

Поширока распространетост

2,4

Добро Поле, Црна Шума

Pinus peuce Griseb.

Дрво

Балкан

4

Добро Поле

Asperula aristata L. subsp. thessala

Ливадарка

Ендемичен вид

 

Добро Поле

Rhinanthus minor L.

Ливадарка

Поширока распространетост

 

ЈСЗ од Пефкото,
Добро Поле

Поле,

Poa thessala Boiss. & Orph. in Boiss.

Трева

Балкан

 

Добро Поле

Ranunculus fontanus

Ливадарка

Поширока распространетост

 

Добро Поле

Potentilla aurea L. subsp. chrysocraspeda (Lehm.)

Nyman

Ливадарка

Балкан

 

Добро Поле

Viola orphanidis Boiss.

Ливадарка

Балкан

 

Добро Поле

Viola palustris L.

Ливадарка

Балкан

 

Добро Поле, Црна Шума

1 = Локални ендемични

2 = Ендемични во Грција

3 = Ендемични на Балканот (се вклучуваат и одредени таксони кои се среќаваат во 1 - 3 станици надвор од полуостровот)

4 = Со поширока распространетост, но со крајна точка на појавување во конкретната област

Ворас, како што се спомнува во Специјалниот план за управување, регистрирани се 157 значајни вида. Од нив, во областа на Добро Поле се регистрирани 20, како што се набројуваат во табелата подолу.

 

Видовите на живеалишта што се јавуваат во Добро Поле се:

ливади со Nardus, од разни видови на силициумски потслоеви во планинските и потпланинските зони на континентална Европа (Натура: 6230, Корин: 35.1).
алпски и подалпски ливади, релативно суви, на многу кисела земја кои се среќаваат над пошумените граници и воглавно над 1.800 м., на секаков вид падини, со среден, а на некои места и голем наклон.  

Претставуваат алпски пасишта, а се јавуваат дури и во областите, Сарандврисос, Профитис Илиас (во главниот планински венец на Кајмакчалан над 2.000 м. висина) и Пиперица. Катот со дрва и грмушки е целосно непостоечки, а на катот со ливадарки се јавуваат видовите Bellardiochloa violacea, Geranium subcaulescens, Plantago holostea, Alopecurus gerardii, Jasione orbiculata, Genista depressa , Senecio abrotanifolius ssp. rpathicus, Euphrasia cf. minima, Hieracium hoppeanum, Potentilla aurea ssp. chrysocraspeda, Luzula spicata, Scleranthus perennis ssp. marginatus, Nardus stricta, Festuca sp., Anthoxanthum odoratum, Geum montanum, Sesleria coerulans, Deschampsia flexuosa, Juniperus nana, Festuca ovina group, Campanula spathulata, Thymus sp., Poa thessala, Scorzonera purpurea ssp. rosea, Achillea clusiana, Anthemis cretica ssp. columnae, Hieracium alpicola, Dlanthus myrtinervlus, Verbascum sp., Minuartia recurva, Juncus trifidus, Viola eximia, Dianthus minuartifolius, Dianthus deltoides, Carex kitaibeliana, Gentiana punctata, Sedum sp., Pedicularis leucodon, Crepis arcuata, Luzula cf. sudetica, Lotus corniculatus, Alchemilla sp., Cardus kerneri ssp. scardicus, Hieracium sparsum, Achillea chrysocoma, Ranunculus sartorianus и Sesleria ssp. robusta.

Површините се наоѓаат надвор од шумското управување и се користат само како пасишта.

Планинското блато во Добро Поле е интегрирано во мрежите НАТУРА 2000 и CORINE - Biotopes и е означено како Област за заштита на авифауната. Во рамките на НАТУРА NATURA 2000, се вклучува во заштитената површина GR1240001, СЗО, врвовите на планината Ворас и GR1240008, ЗСЗ, планина Ворас[1].

 

[1] Шумска служба во Аридеа (Н. Ментис, Ј. Јоанидис).

 

 

Живописна висорамнина со влажни ливади и мочуришта на границата со поранешната Југословенска Република Македонија. Висок тревесто-мочуриштен терен со ботанички и фитогеографски интерес. Разни видови мов и растенија што се хранат со инсекти 

Област со особена природна убавина која се одржува во одлична состојба. Не поминала низ никакви човечки интервенции, освен за водоснабдување, и нејзината состојба се чини дека е стабилна, но нејзината заштита е неопходна бидејќи веќе со векови не подлежи на никакви промени. 

Неколку избледени патокази. Би можело да се промовира и шумскиот пат кој води до висорамнината, но тој на некои точки е непрооден за автомобили, но, ние не сметаме дека тоа е елемент на деградација. Напротив, би рекле дека до еден степен претставува штитник за заштита на местото од човечкиот елемент. 

Не се искористува официјално или во голем степен. Во пролетните и летните месеци го привлекува локалното неселение, како и планинарски здруженија од пошироката област, кои ја користат уникатноста на ова место за прошетки и пешачење.  

Постојат доста големи можности. Видете подолу. 

Мошне блиску ја наоѓаме шумата на петигличестиот бор. Исто така, во локацијата Папраџа, додека се симнуваме од висорамнината, има едно многу убаво место за пикник и кампување. На горниот дел од патот, го среќаваме почетокот на патеката за врвот Петерник.  

Поврзување со шумите во областа, како и со точки од историски интерес во областа, во рамките на „Патиштата на природата и историјата“. 

Промоција на историјата и природното богатство. Можеби би можела да се постави информативна табела со информации за историјата и биоразновидноста на местото. Не ги сметаме пожелни интервенциите со кои можеби би се олеснил пристапот (на пр., асфалтирање на патиштата), но тоа ќе го променило пределот и ќе дозволи неконтролирано зголемување на бројот на посетители.    

Силни ветришта, голема влажност, малку сончева светлина, магла, ниски облаци, чести врнежи дожд и снег
  • Drosera anglica

  • Prosora Intermedia

  • Canis lupus волк
  • Aquila chrysaetos chrysaetos (златен орел)
  • Circaetus gallicus (орел-змијар)
  • Neophron percnopterus (египетски мршојад)
Mount Vora, Dopro Pole
Пожарски бањи l Пожарските бањи се оддалечени 2 километри од Лутраки и околу 13 километри од Аридеа. Бањите се наоѓаат во центарот на една зелена област во долината на потокот Св. Никола (или Топлица), со клисури, водопади и шуми. Изворите на потокот датираат од античкиот период и водите имаат голем број лековити одлики. Заради богатството на областа со води, се вели дека англо - француската сојузничка војска во текот на Првата светска војна ги користела бањите како касарна[1].  Објектите на бањите се изградени по должината на реката Св. Никола и се состојат од надворешни базени, ресторани, кафетерии и паркинг. Бањите се отворени во текот на целата година, а базените се користат 24 часа во денот. Бањите беа во приватна сопственост до 1985, кога им беа дадени на користење на заедницата Лутраки, а денес со нив раководи општината Аридеа[2]. Познато е од посетителите на бањите од минатите децении, дека во минатото, посетителите најпрво морале да го посетат лекарот во бањите, кој ги прегледувал и одредувал колку пати треба некој да се избања, или пак колку вода смее да се напие. Лекарот го запишувал ова во здравствените книшки на посетителите[3].Прошетката во Пожарските бањи може да се искомбинира со голем број активности, но и посети на други (природни) места во околната област. Едно од нив е водопадот Кунупица, со висина 12 м. кој се наоѓа на почетокот (или на крајот) на клисурата кај бањите. Маршрутата кон водопадот, со вкупно времетраење 2 часа, започнува од паркингот на бањите во правец кон Пештерскиот процеп, минува преку раскрсницата за врвот Сокол, и оттаму, ја следи патеката вдолж потокот Св. Никола и завршува кај водопадот. Освен богатата шумска вегетација, патеката кон водопадот нуди голем број места со глетка кон потокот Св. Никола и кон впечатливата клисура Рамнобор.Други места од природен интерес околу Пожарските бањи е Пештерскиот процеп и Народниот музеј, Св. Јован во Ано Лутраки, Добро Поле, планината Ворас, Црната Шума во Орма и водениот хабитат Агра – Ниси - Врита. Исто така, на патот за Јаница, посетителот на бањите има можност да ги посети „Пожарските бањи на Александар Велики“, како што се нарекува хеленистичката градба во облик на фонтана во близина на античка Пела.   [1] Ѕимопулос Г., Впечатоците од нашите патувања: од Кожани-Птолемаида-Аминтео-Св. Пантелејмон-Арниса-Агра-Воден-Алмопија-Аридеа-Пожарски бањи, Кожани без год. на изд., без хрон., стр. 95.[2] Карасавидис П., Создавање на дигиталниот релјеф на областа на Бањите во Аридеа, преф. Пела со ГИС ArcGIS, магистерски труд, Оддел за агрономи и топографски инженери, Оддел за катастар, фотограметрија и картографија, Аристотелов универзитет во Солун, 2010, стр. 26.[3] Ѕимопулос Г., Впечатоците од нашите патувања: од Кожани-Птолемаида-Аминтео-Св. Пантелејмон-Арниса-Агра-Воден-Алмопија-Аридеа-Пожарски бањи, Кожани без год. на изд., без хрон., стр. 96.

Пожарските бањи привлекуваат голем број посетители во текот на целата година. Објектите се во одлична состојба и местото се користи во голем степен со голем број интервенции кои не се штетни и не го пореметуваат неговиот природен изглед. Единствена неопходна или пожелна интервенција што се однесува на објектите за престој би била квалитативно подобрување на угостителскиот објект кој се наоѓа над малиот базен, како на естетско ниво, така и на ниво на услугите што ги нуди. 

Посетата на бањите може да се поврзе со низа активности од алтернативниот туризам, качување по карпи, пешачење, планинарење по патеките и маршрутите во шумите кои се наоѓаат околу бањите. 

Изгледот на местото се измени неодамна заради уредувањето на објектите во бањите, создавањето објекти за престој и интервенции врз природната околина. И покрај тие интервенции, шумата во Лутраки, клисурата и општо областа околу термичката река се во многу добра состојба. Поконкретно, шумата во Лутраки е на задоволително ниво, што се однесува до обликот, зголемувањето и развојот.

Заради постојаниот водотек во текот на целата година, потокот во бањите има капацитет за одгледување риби, како на пример од видовите поточна мрена (Barbus meridionalis) и пастрмка, кои исчезнале во 1979 како последица на локалните поплави[1].

Климата во бањите е континентална средоземна со суво и топло лето, а во богатата флора во областа на бањите и тоа поконкретно во шумата во Лутраки наидуваме на дрва и растенија како:

 

  • бука (Fagus silvatica)
  • даб (Quercus sessiliflora)
  • даб китник (Q. conferta, Q. Pubescens)
  • црн бор (Pinus nigra)
  • питом костен (Castanea Sativa)
  • црниот јасен (Fraxinus ornus)
  • Juniperus oxycedrus
  • дрен (Cornus mas)
  • Carpinus betulus
  • елка (Abies borisii regis)
  • бел бор (Pinus silvestris)
  • Балкански бор (петоигличест) (Pinus peuce)
  • јавор (Acer campestre)
  • лешник (Corylus avellana)
  • јасика (Populus tremula)
  • врба (Salix sp.)
  • чинар (Platanus orientalis)
  • багрем (Robinia pseudoacacia)
  • папрат (Pteridium aquilinum)
  • Lapsana communis
  •  

 

 

  • Festuca ovina
  • Trifolium montanum
  • Rubus tomentosa
  • Cicerbita muralis
  • Fragaria vesca
  • Asperula odorata

 

Во фауната на областа наоѓаме голем број цицачи и птици како:

Цицачи

  • Canis lupus (волк)
  • Capreolus capreolus (срна)
  • Felis silvestris morea (дива мачка)
  • Martes foina (ласица)
  • Sus scrofa L. (дива свиња)
  • Vulpes vulpes crucigera (лисица)
  • дивокоза (Rupicapra rupicapra L.)
  • зајак (Lepuseuropaeus Pallas)
  • верверица (Sciurus vulgaris L.)
  • ласица (Martes foina Erxleben),
  • дива мачка (Felis sylvestris Schreber)
  • стаорци, глувци и лилјаци

 

Цицачи за кое е потребен специјален статус за заштита

  • дива мачка (оддел ΙV од Директивата 92/43 Ε.З.)
  • волк, ласица (оддел ΙΙ од Директивата 92/43 Ε.З.)
  • рис (Конвенцијата од Берн и оддел ΙΙ од Директивата 92/43 Ε.З.)

 

Птици

  • Athene noctua (кукумјавка)
  • Buteo buteo buteo (јастреб глувчар)
  • Carduelis carduelis carduelis (биљбиљ)
  • Carduelis chloris chloris
  • Columba palumbus palumbus (гулаб гривнаш)
  • Corvus corax corax (гавран)
  • Buteo rufinus rufinus (лисест глувчар)
  • Pernis apivorus (осојад)
  • Bonasa bonasia (лештарка)
  • Cuculus canorus (кукавица)
  • Turdus merula merula (обичен кос)

[1] Карасавидис П., Создавање на дигиталниот релјеф на областа на Бањите во Аридеа, преф. Пела со ГИС ArcGIS, магистерски труд, Оддел за агрономи и топографски инженери, Оддел за катастар, фотограметрија и картографија, Аристотелов универзитет во Солун, 2010, стр. 39.

Бањите исто така ѝ припаѓаат на мрежата НАТУРА 2000, а поконкретно во заштитените области GR1240001,СЗО, врвовите на планината Ворас и GR1240008, ЗСЗ, планината Ворас[1].

 

[1] Шумска служба во Аридеа (Н. Ментис, Ј. Јоанидис).

Надградени услуги и инфраструктури. Брз пристап од Лутраки. Мошне густа вегетација. Голем избор маршрути за пешачење. Голем број претставници на третото старосно доба. 

Состојбата на областа е одлична. Во оваа област има најмногу интервенции во споредба со останатите места во Алмопија, како на пример во Црна шума, Добро Поле итн., но сѐ уште се наоѓа на ниво кое не вознемирува. Интервенциите од голем размер беа извршени релативно неодамна. 

Во местото се забележува голем број неискористени градби. 

Се искористува максимално, но не во правец и со сите квалитативни одлики со кои би можело да се искористи. 

Промоција на особените природни и историски одлики (вода, наоди во пештерите).

Поврзување со Пештерскиот процеп, Ано Лутраки преку патеката која започнува кај бањите, Шумата во Лутраки, Клисурата на бањите, Рамнобор, Добро Поле, Црна шума, Кајмакчалан, водопадот кај Кунупица.  

Да се адаптира Пештерскиот процеп за посетители. Исто така, да се постави информативен киоск. Да се издаде водич за бањите и околната област. Да се подобри угостителскиот простор веднаш од малиот базен на бањите како од естетски аспект (декорација, опрема), така и од аспект на услугите што се нудат.   

Заради релативно ниската надморска височина, бањите спаѓаат во категоријата на континентална средоземна клима со суви и топли лета.
  • Бука (Fagus silvatica)
  • Даб (Quercus sessiliflora)
  • Даб китник (Q. conferta, Q. Pubescens)
  • Црн бор (Pinus nigra)
  • Питом костен (Castanea Sativa)
  • Црн јасен (Fraxinus ornus)
  • Смрека (Juniperus oxycedrus)
  • Дрен (Cornus mas)
  • Габер (Carpinus betulus)
  • Елка (Abies borisii regis)
  • Бел бор (Pinus silvestris)
  • Балкански бор (петигличест) (Pinus peuce)
  • Јавор (Acer campestre)
  • Лешник (Corylus avellana)
  • Јасика (Populus tremula)
  • Врба (Salix sp.)
  • Чинар (Platanus orientalis)
  • Багрем (Robinia pseudoacacia) папрат (Pteridium aquilinum)
  • Lapsana communis
  • Festuca ovina
  • Trifolium montanum
  • Rubus tomentosa
  • Cicerbita muralis
  • Fragaria vesca
  • Asperula odorata

Цицачи

Canis lupus (волк)
Capreolus capreolus (срна)
Felis silvestris morea (дива мачка)
Martes foina (ласица)
Sus scrofa L. (дива свиња)
Vulpes vulpes crucigera (лисица)
дивокоза (Rupicapra rupicapra L.)
зајак (Lepuseuropaeus Pallas)
верверица (Sciurus vulgaris L.)
ласица (Martes foina Erxleben)
дива мачка (Felis sylvestris Schreber)
стаорци, глувци и лилјаци

 

Цицачи за кое е потребен специјален статус за заштита:

дива мачка (оддел ΙV од Директивата 92/43 Ε.З.)
волк, ласица (оддел ΙΙ од Директивата 92/43 Ε.З.)
рис (Конвенцијата од Берн и оддел ΙΙ од Директивата 92/43 Ε.З.)

 

Птици

Athene noctua (кукумјавка)
Buteo buteo buteo (јастреб глувчар)
Carduelis carduelis carduelis (биљбиљ)
Carduelis chloris chloris
Columba palumbus palumbus (гулаб гривнаш)
Corvus corax corax (гавран)
Buteo rufinus rufinus (лисест глувчар)
Pernis apivorus (осојад)
Bonasa bonasia (лештарка)
Cuculus canorus (кукавица)

Turdus merula merula (обичен кос)

Λουτρά Λουτρακίου, Λουτρά Πόζαρ
Црна Шума Црната Шума или „Шумата во Орма“ се наоѓа источно од планината Ворас на границата меѓу Грција - пЈРМ, и претставува еден од највпечатливите шумски површини во областа. Карактеристично за оваа шума, и причина заради која го доби името, се густите дрвореди со тенки и високи дрва кои ги спречуваат сончевите зраци да стигнат до почвата, правејќи го местото на тој начин сенливо и доста темно. Нејзината густа и впечатлива вегетација се должи на реката „Белца“ или „Аспропотамос“ која минува низ областа. Во шумата доминира буката, а среќаваме и групи со бел и црн бор, главно во повисоките граници со алпската зона. Се вели дека од дрвата од оваа шума Александар Велики се снабдувал со дрво, од кое се изработувале шестметарските копја за неговата војска, познати уште и како „Сариси“. Во планинскиот предел на Ворас и во внатрешноста на Црна Шума среќаваме голем број клисури и водопади, а во горниот дел на шумата постои кратер од неактивен вулкан од праисторискиот период. 

Пристапот во Црна Шума се врши на два начини: или од селото Орма кое се наоѓа на само неколку минути од бањите во Лутраки, или пак од Мегаплатанос; во секој случај, најчесто се користи оној од Орма. Кога го напуштаме асфалтираниот пат и почнување да се искачуваме, постоечката патна мрежа ни дозволува да стигнеме доста високо и длабоко во шумата; но, кога времето е врнежливо, патот е мошне каллив и пристапот кон некои места станува многу тежок. Во секој случај, за искачувањето во Црна Шума е потребно високо, теренско возило, а добро би било ако имаме намера да пешачиме, да имаме придружба од некој планински водич.

Пред да го започнеме искачувањето кон Ворас и Црната Шума, или кога ќе ја завршиме прошетката и се враќаме назад, вреди да застанеме во Орма, една доста убава населба полна со платани и мали канали со бурни води кои го опкружуваат плоштадот. Орма всушност е влезната врата за Црната Шума и ски-центарот на Кајмакчалан. Во селото, како и во Керасја кое се наоѓа во непосредна близина, постојат две преноќевалишта и угостителски објекти. Прошетката или печашењето низ Црната Шума може, исто така, да се искомбинира и со пауза во Пожарските бањи, кои се оддалечени од Орма само неколку минути со возило. 

Како што спомнавме погоре, Црна Шума е стара букова шума, по структура и развој блиска на заедницата КЛИМАКС, во која човечките интервенции беа намалени Се разви сама, создавајќи ги сите фази на еволуција на една природна шума. Денес е со дрвореди од бука и воглавно единки ели, а многу малку борови, шумата има задоволителен степен на ширење и развој на поблагите стрмнини, а среден степен на стрмните. Црниот бор се наоѓа во среден до задоволителен облик, со голем број прави дрва, а паралелно, еден голем број дрва умираат или веќе се мртви. Сите одлики што се спомнуваат погоре придонесуваат за големата орнитолошка значајност на областа, за мршојадите, орлите, соколите, вервериците, клукајдрвците и големиот број врапчиња, а во водите во областа постојат населенија диви пастрмки.  

Како и во останатите планински области, климата се оддалечува од границите на континентална клима и станува влажна континентална, со краткотрајно топло лето, без сув период и студена зима, со зголемени снежните врнежи и денови со голомраз.

Општо земено, екосистемот на Црната Шума, како и на планинскиот венец Ворас, се смета не само богат, туку и редок. Во Црната Шума среќаваме голем избор растенија и дрва, во кои спаѓаат: 

  • буката (Fagus silvatica),
  • црниот (Pinus nigra) и белиот бор (Pinus silvestris), 
  • питомиот костен (Castanea Sativa),
  • дабот (Quercus macrolepis),
  • јасенот и црниот јасен – (Fraxinus ornus), па оттука и топонимот Јасен.

Во областа на Ворас, како што се спомнува во Специјалниот план за управување, регистрирани се 157 значајни вида. Од нив, во областа на Црна Шума се регистрирани 13, како што се набројуваат во табелата подолу.

ТАКСОН

ОБЛИК

ОПШТА РАСПРОСТРАНЕТОСТ

УСЛОВИ

РАСПОРЕД ВО ПРОСТОРОТ

Betula pendula Roth.

Дрво

Поширока распространетост

 

Црна Шума, Орма

Genista tinctoria L.

Ливадарка

Балкан

 

14 км. западно од Промахи,

Добро Поле, Српски гробишта,

Црна Шума, Кајмакчалан

Gentiana cruciata L.

Ливадарка

Поширока распространетост

4

Црна Шума

Cephaianthera damasonium (Miller) Druce

Ливадарка

Поширока распространетост

2,4

Црна Шума

Cephaianthera rubra (L.) Rieh

Ливадарка

Поширока распространетост

2,4

Црна Шума

Dactylorhiza cordigera (Fries) Soo

Ливадарка

Балкан

2,4

Црна Шума

Dactylorhiza sambuclna (L.) Soo

Ливадарка

Поширока распространетост

2,4

Добро Поле, Црна Шума

Gymnadenia conopsea (L.) R. BR. in Aiton

Ливадарка

Поширока распространетост

2,4

Црна Шума

Limodorum abortivum (L.) Schwartz

Ливадарка

Поширока распространетост

2,4

Црна Шума

Neottia nidus-avis (L.) L.C.M. Richard

Ливадарка

Поширока распространетост

2,4

Црна Шума

Orchis pallens L.

Ливадарка

Поширока распространетост

2,4

Црна Шума

Saxifraga porophylla Bertol. subsp. Grisebachii

Ливадарка

Балкан

 

Црна Шума

Viola palustris L.

Ливадарка

Балкан

 

Добро Поле, Црна Шума

 

 

2 = Ендемични во Грција

4 = Со поширока распространетост, но со крајна точка на појавување во конкретната област

На крај, што се однесува на фауната, Црната Шума е дома на следните животни:

  • дивокоза (Rupicapra rupicapra L.)
  • зајак (Lepuseuropaeus Pallas)
  • верверица (Sciurus vulgaris L.)
  • ласица (Martes foina Erxleben)
  • мршојади
  • орли
  • соколи
  • еребици
  • клукајдрвци
  • врапчиња

Црната Шума, како и сите природни споменици во Алмопија, ѝ припаѓа на мрежата НАТУРА 2000, и тоа поконкретно во заштитените области GR1240001, СЗО, врвовите на планината Ворас и GR1240008, ЗСЗ, планината Ворас. Исто така, Црната шума ѝ припаѓа на мрежата заштитени области кои претставуваат Засолништа за дивеч. Во поширокиот регион постојат следните засолништа: Планински венец Ворас/Засолниште за дивеч во Орма со површина од 32 милиони м2, (Одлука 1980/31.12.1996) и планински венец Ворас / Привремено засолниште за дивеч - Област на ски-центарот (5-годишно времетраење). Површина од 35 милиони м2 (Одлука 7266/6.8.2001 Периферија на централна Македонија)[1].

 

[1] Шумска служба во Аридеа (Н. Ментис, Ј. Јоанидис)

Мошне густи дрвореди, што ја прави особено мрачна. Букова шума. Единствен елемент што го покажува човечкото присуство е ширењето на патната мрежа. И покрај тоа, патот сепак е шумски, земјен и сѐ уште не е асфалтиран.

Одлична природна состојба, шумата е речиси негибната од човечка рака сѐ до денес.

Не постои добро означување, и од една точка па натаму, луѓето што се качуваат првпат, може да се загубат. Патот е доста тежок, неопходно е теренско возило. Елемент на деградација е незаконската дрвосеча, со која се уништуваат сите шуми во областа. Од една точка веднаш до патот, се наоѓа една напуштена, речиси разурната градба, која би можела да се стане корисна.

Мошне низок степен на искористување, што не е неопходно негативно. Шумата привлекува луѓе кои ги интересира шумско пешачење и други активности, но сепак на ниско ниво.  

Се предлага благ туристички развој, со контролирани активности за екотуризам или образовни посети на училишта и факултети во шумата. 

Поврзување со шумите и планинските венци на Алмопија, шумите на планините Пиново, Џена, Пајко, шумата во Промахи-Ликостомо во близина на Добро Поле, шумата во Лутраки, Рамнобор и др.

Да се постават ознаки, особено на раскрсниците и кривините. Изградба на планинарски дом. 

Климата е влажна, континентална, со краткотрајно лето, без сув период и студена зима, за време на која снежните врнежи и деновите со голомраз се зголемени. Заради географската позиција на шумата, ореографскиот и топографскиот распоред на областа и вегетација, може да се прифати дека областа му припаѓа на контитенталниот климатски тип.

• Πεύκη μαύρη (Pinus nigra)  црн бор (Pinus nigra)  бел бор (Pinus silvestris)  бука (Fagus silvatica)  питом костен (Castanea Sativa)  даб (Quercus macrolepis)  јасен (Fraxinus)  црн јасен –топоним јасен (Fraxinus ornus)

 зајак (Lepuseuropaeus Pallas),  верверица (Sciurus vulgaris L.),  ласица (Martes foina Erxleben),  дива мачка (Felis sylvestris Schreber),  волк (Canis lupus L.),  дива свиња (Sus scrofa L.),  мечка (Ursus arctos L.)  рис (Lynx Lynx Temmink)  стаорци, глувци и лилјаци

Шумата во Орма, Natura 2000
Пиново - Џена и шумата во Пефкото Планините Пиново и Џена се наоѓаат североисточно од долината на Алмопија, на граничната линија со поранешната Југословенска Република Македонија. Нивната висина достигнува 2.156 м. (врв Корфула, Пиново) на 2.182 м. (врв Зеленбег). Планините се покриени со густи шуми, а се издвојуваат и по алпските ливади. Други познати врвови на Пиново се Вишоград (2.150 м.) и Калогерос (1.873 м.). Како Пиново, така и Џена беа бојни полиња за време на Првата светска војна, но и за време на граѓанската војна во Грција, за што сведочат рушевините и остатоците од судирите кои сè уште ги среќаваме на почвата.   

Пристапот на двете планини станува мошне тежок за време на врнежливите денови, бидејќи земјениот пат кој не води во нивната внатрешност станува каллив и на некои места непристапен дури и за теренски возила. Двете планини се во одлична состојба и останале негибнати со минувањето на времето; исклучок претставува ширењето на патната мрежа, како и активностите кои го зголемуваат степенот на деградација на областа, како незаконската дрвосеча.

Како и кај сите планински шумски комплекси во земјата, така и во овој, жителите секогаш ги задоволуваа своите потреби за огревен материјал од околните шуми, и тоа од точките кои им биле попристапни. Како законската, така и незаконската дрвосеча, се вршеше на неприфатлив начин, што како последица имаше соголување на областите со бука и даб до кои пристапот е лесен.

Денес, опасноста е значително ограничена, и покрај малкуте случаи кои се забележуваат од следните причини:

 продажба на огревни дрва од шумската служба по многу ниска цена,
 подобрување на животното и социјалното ниво на жителите,
 големите дарови на шумата кон околните жители во вид на работни места и производи,
 целосно искористување на чисто земјоделските површини.

И покрај тоа, дури и денес се забележуваат, но, за среќа многу ретко, случаи на незаконска дрвосеча. Незаконската дрвосеча се препознава со набљудување на состојбата на шумата и не може да се измери. 

Согласно податоците на Грчкото орнитолошко друштво, намената на земјата во овие планини се дели на: земјоделска намена (20%), шумарство (30%), војничка намена (10%), туризам/рекреација (10%), управување со вода (вклучувајќи го и управувањето со сливовите) (5%), а околу 20% од земјата не се употребува[1]. Туристичките активности се на ниско ниво, и воопшто, планините не се користат, ниту пак се промовираат како туристички дестинации. Соодветна инфраструктура, како планинарски домови или ски - центри, не постои на ниедна од двете планини; на Џена постои само еден ски - центар, кој се наоѓа на другата страна на планината во п.Ј.Р.М.

Заради негибнатите шумски површини, двете планини се идеални за пешачење во шумите и во природните места на областа. Најпознатата маршрута за Пиново е патеката од Аетохори - Маврос Врахос - Корфула, која започнува од плоштадот во Аетохори, а во случајот на Џена, маршрутата што ја предлагаме започнува од Клисурата во Нотиа и завршува на врвот Зеленбег. Паралелно, можеме да ја посетиме клисурата во Пефкото и потокот Липаро.

Посетата на двете планини може да се искомбинира со посета на традиционалните населби во Аетохори, Архангелос, Нотиа, Периклиа и Ано Гарефи, каде можеме одблиску да ја видиме црквата Св. Димитриј, манастирот Архангелос, водопадот во Нотиа, локалитетот на античката населба во Периклиа и црквата Успение на Пресвета Богородица. Од историски аспект, заради улогата што ја имале како бојни полиња, планините се де факто поврзани со соодветни природни места во Добро Поле, како и со локалитетите на планинскиот венец Ворас – Пиново - Кожуф, каде сè уште можеме да видиме остатоци од силните воени судири во Првата светска војна (погл. клисура во Нотиа). Во случајот на Пиново, по должината на планинскиот венец среќаваме стари набљудувачки позиции со ровови, проектили, бодликави жици и камени пушкарници[2].

 

[1] Грчко орнитолошко друштво, 

http://ornithologiki.gr/page_iba.php?aID=38  

[2] Соодветен фотографски материјал можете да најдете тука http://canyoning-caving.blogspot.gr/2012/05/blog-post.html


 

Двете планини претставуваат простран планински комплекс, добро пошумен со мешани и четинарски шуми, континентална клима и свежо лето.

 

Природната состојба на областа е одлична, но постои тенденција за спора деградација. Шумскиот ланец прикажува помала деградација во однос на другите намени на земја. Заканите што постојат произлегуваат од забранетиот лов, ширењето на патната мрежа, незаконската дрвосеча, сточарството и др. Како последица на тоа се јавува намалување на биоразновидноста на хабитатот. Подетално, некои од активностите, постоечки или непостоечки, кои директно ѝ се закануваат на ретката авифауна во областа се:

откажување од традиционалните земјоделски практики и намени на земјата, вклучувајќи го и откажувањето од екстензивното земјоделство и сточарство,
незаконска употреба на отровни стапици за контролирање на „штетните“ цицачи,
активности кои предизвикуваат бука (лов, дрвосеча, рибарство, собирање растенија и огревни дрва[1].
Изградба на мали хидроелектрични станици во Пефкото, Аетохори и долината на Фустани
Планираната изградба на ветерни паркови[2]
Пошумување на напуштените култури и ливади со садници од Robina Pseudacia (багремот е шумски вид кој лесно ги покрива напуштените полиња).
Екстензивна шумска експлоатација и др.[3]

Во областа на Џена (GR 1240002) јавувањето на алпски карпи на Пиново е многу значајно на дивокозата (мало население, единствено на планинскиот венец Џена - Пиново и Ворас) и за птиците - предатори како златниот орел, мршојадот и сивиот сокол. Во ниските области има високи дабови шуми со добра структура, кои формираат значајни области за хранење и гнездење за повеќе видови клукајдрвци. Непристапните дабови шуми што се наоѓаат веднаш под границата на шумите се исто така важни за дивиот живот. Општо земено, областа е добро сочувана.

 

До денес, создадени се неколку карти со типовите на живеалишта на планината Џена. Првата е создадена во периодот 1999 - 2000, во рамките на мрежата НАТУРА 2000, со шифра GR 1240002 (Планина Џена). Втората беше создадена во истиот период, во рамките на специјалната еколошка студија за областа „Планините Џена - Пиново“, која во мрежата НАТУРА 2000 е прогласена за зона со специјална заштита, со шифра GR 1240007. Понатаму, создадена е карта на вегетацијата во областа во рамките на шумското управување со планините за периодот 2009 - 2010, која се потпира на класификација на вегетацијата врз основа на главните шумски видови. Последната карта беше создадена во рамките на програмата „Картографирање на вегетацијата на планината Кожуф (сев. Грција)“ од М. Хасапи[4], К. Теодоропулос[5], Е. Елефтериаду[6].

 

[1] Сидиропулос Л., „План на активности за зоната за специјална заштита GR1240007 Планини Кожуф и Пиново“ во Дималексис А., А. Бусбурас, Д. Кастритис, Т. Манолопулос, А. и В Саравиа (Координатори на изданието). Краен извештај од програмата за повторна процена на 69 значајни области за птиците и за нивното назначување како Зони за специјална заштита на авифауната. Министерство за средина, физичко планирање и јавни работи, Атина.

[2] Програма LIFE+ „Итни мерки за обезбедување на преживувањето на египетскиот мршојад (Neophron percnopterus) Бугарија и Грција’’, http://lifeneophron.eu/gr/SPA_TPM.html

[3] Грчко орнитолошко друштво, http://ornithologiki.gr/page_iba.php?aID=38

[4] Работилница за шумска ботаника-геоботаника, Факултет за шумарство и природна средина, Аристотелов универзитет во Солун и Шумска служба на Аридеа.

[5] Работилница за шумска ботаника-геоботаника, Факултет за шумарство и природна средина, Аристотелов универзитет во Солун.

[6] Работилница за шумска ботаника-геоботаника, Факултет за шумарство и природна средина, Аристотелов универзитет во Солун.

Мапа 3. Карта за намена на земјата во областа на Ворас, Пиново, Џена.

Зони на вегетација:

Во областа Џена - Пиново се јавуваат четири од петте зони на вегетација во нашата земја, онака како што се распознаваат и опишуваат врз основа на погорните растителни заедници од системот БРАУН - БЛАНКЕТ. Овој систем произлезе од истражувањата што ги извршија БРАУН - БЛАНКЕТ за вегетацијата на швајцарските Алпи и како основа ја имаат флората. Денес, овој систем е познат како систем на растителни заедници на БРАУН - БЛАНКЕТ. Основни принципи на овој систем се следните:

1. вегетативна споредба со табели

2. социјален развој.

Првиот принцип има врска со истражувањето, а вториот со конкретната класификација на растителните заедници[1].

 

Вегетативните зони, по редослед од најниските до највисоките позиции се опишуваат подолу:

 

Субмедитеранска вегетативна зона (Quercetalia pubescentis)

Оваа зона почнува од најниските места на падините на Пиново-Џена и стигнува до надморска висина 750 - 950 м.

Најнискиот дел на зоната, до надморска висина од 550 м. на источните и северните површини
и 650 м. на јужните и западните, припаѓа на подзоната Ostryo – Carpinion и воглавно на подзоната Carpinetum orientalis. Зоната Coccifero – Carpinetum се јавува само кај многу мал број места, и тоа под екстремни услови. Доминантните видови дрва од кои е составена вегетацијата во подзоната се: бел габер (Carpinus orientalis), црн габер (Ostrya carpinifolia),јасен (Fraxinus ornus), јавор клен (Acer campestre), даб благун (Quercus pubescens), прнар (Quercus coccifera), смрека (Juniperus oxycedrus), (Pistacia terrebinthus), заечка (Coronilla emeroides), η лешник (Coryllus avellana), глог (Crataegus monogyna) и др. со кои се мешаат дабот цер и благунот или плоскачот (Quercus conferta)и благунот или плоскачот (Quercus cerris).

Останатиот повисок дела на оваа зона е опфатен од подзоната Quercion confertae и, по правило, достигнува до надморска висина 750 м., а на јужните површини до 950 м. Диференцијацијата во составот на букови шуми во оваа подзона, овозможува да се разликуваат две подзони, подолна Quercetum confertae, каде доминираат дабот благун или плоскачот, и погорна Quercetum montanumкаде доминира Quercus dalechampii, но и праволистниот даб (Quercus cerris).

 

Зона со букови шуми (Fagetalia)

На Пиново и Џена, буката започнува од горните граници на претходната зона и стигнува до надморска висина од 1500 - 1650м., со што ја формира подзоната Fagion moesiacae на подзоната Fagetalia. Тука се јавуваат три вида на буки: во изобилство ги има видовите Fagus silvatica и Fagus moesiacae ,а поретко се среќава Fagus orientalis.

освен во горниот дел на подзоната (1.400 - 1.650м.) каде присуството на Баканската ела (Abies borisii regis) и поретко видот на ели (Abies alba) ја формираат зоната Abieti – Fagetum, , а целата останата област ѝ припаѓа на екозоната Fagetum moesiacae. Освен доминантните видови даб и бика, во составот на вегетацијата во зоната учествуваат и видовите: Betula verrucosa, Acer pendula, Acer pseudoplatanus, Acer platanoides, Acer hurganum, Acer obtusatum, Sorbus aucuparia, Sorbus torminalis, Tilia cordata, Taxus baccata, Ilex aquifolium, Evonymus latifolius, Viburnum lantana, Juniperus communis, Juniperus oxycedrus, Lonicera alpigena, и др. Во оваа зона карактеристично е присиството на црниот (Pinus nigra) , но и на белиот бор (Pinus silvestris) кои доминираат во плитките и претпостоечките почви, но кои се способни да обезбедат нова вегетација. Белиот бор се меша со дабовите шуми во областа во почва што е соодветна. Спротивно на тоа , црниот бор се јавува само повремено, во одредени места на планините Пиново и Џена.

Зоната со букова шума - ели го покрива најголемиот дел од планините Пиново и Џена, и истовремено, најчесто ги формира своите граници со мешани дрвореди од бука и Балканска ела (Fagus silvatica – Abies borisii regis).

 

Зона на зимзелени шуми (Vaccinio – Picetalia)

Чистиот изглед на шумите од бел бор (Pinus silvestris) главно на западните страни и над зоната со букови шуми и ели до надморска висина од 1.900 м., ги класификува во екозоната Pinetum silvestris на зоната на четинарски шуми (Vaccinio – Picetalia). Овој вид борови на јужните површини стигнува повисоко од зоната со букови шуми и ели, но не формира затворени дрвореди, туку се јавува спорадично или во мали групи.

 

Воншумска зона на високи планини (Astragalo – Acantholimonetalia)

Во голите делови, над зоната со букови шуми - ели, се јавуваат распространети, богати, плодни подалпски ливади, кои речиси целосно се резултат на човековото влијание. Пиново, Џена и речиси целата планина Ворас стотици години биле центар на богато номадско сточарство (надвор од границите на алпските пасишта). Заради тоа се јави пад на шумскиот појас во целиот планиниски венец, каде највисоките треба да бидат на надморска висина меѓу 1.900 и 2.000 м., област која не може да се означи како чисто алпска. Присуството на одредени џуџести грмушки како Juniperus nana, Daphne oleoides, Rosa pendulina, Acantholimon echinus и др. води до вклучување на областа во зоната Astragalo – Acantholimonetalia.

Како заклучок на тоа, флората во областа што се истражува се состои од голем број семејства и видови во сите три ката, горниот, средниот и долниот, во сите висински зони. Големата биоразновидност на фауната има како резултат таму да наоѓаат храна и засолниште голем број видови од шумската фауна.

Во флората и фауната на двете планини ги среќаваме следните видови:

 

Флора

бука (Fagus silvatica)
даб (Quercus sessiliflora)
елка (Abies borisii regis)
црн јасен (Fraxinus ornus)
габер (Carpinus betulus)
смрека (Juniperus oxycedrus)
црн габер (Ostrya carpinifolia)
дрен (Cornus mas)
црн бор (Pinus nigra)
јасика (Populus tremula)
 врба (Salix sp.)
бел бор (Pinus sylvestris)
Celtis australis
Betula pendula (бреза)
Quercus trojana (Македонски даб)
Taxus baccata (Авропски тис)
Ilex aquifolium
Buxus sempervirens (шимшир)
Juniperus communis alpina
Juniperus excelsa (дрвовидна фоја)
Junipeus sabina (миризлива фоја)
Daphne laureola laureola (ловорово дрво)
Salvia officinalis (обична жалфија)
Lonicera alpigena formanekiana
Rosa sp.
Calamitha grandiflora
Campanula sp.
Centaurea sp.
Festuca sp.
Agrostis sp.
папрат (Pteridium aquilinum)
Cicerbita muralis
Orchis sp.
Allium sp.
Anemone sp.

 

Грмушки

смрека (Juniperus communis)
џуџеста смрека (Juniperus nana)
Juniperus oxycedrus
лешник (Corylus avellana)
прнар (Quercus coccifera)
црниот јасен (Fraxinus ornus)
глог (Crataegus monogyna)
божиковина (Ilex aquifolium)
дрен (Cornus mas)
Clematis vitalba (лазач)
ловор (Daphne oleoides)
Rhus cotinus

 

Фауна

 

Цицачи

Canis lupus (волк)
Capreolus capreolus (срна)
Felis silvestris morea (дива мачка)
Martes foina (ласица)
Sus scrofa L. (дива свиња)
Ursus arctos (мечка)
Vulpes vulpes crucigera (лисица)
дивокоза (Rupicapra rupicapra L.),
зајак (Lepuseuropaeus Pallas),
верверица (Sciurus vulgaris L.),
ласица (Martes foina Erxleben),
дива мачка (Felis sylvestris Schreber),
рис (Lynx Lynx Temmink)
стаорци, глувци и лилјаци

 

Цицачи за кое е потребен специјален статус за заштита:

мечка, дивокоза (оддел ΙΙ од Директивата 92/43 Ε.З.)
 дива мачка (оддел ΙV од Директивата 92/43 Ε.З.)
волк, ласица (оддел ΙΙ од Директивата 92/43 Ε.З.)
рис (Конвенцијата од Берн и оддел ΙΙ од Директивата 92/43 Ε.З.)

 

Птици

Alectoris graeca (еребица камењарка)
Aquila chrysaetos chrysaetos златен орел)
Aquila heliaca heliaca (орел)
Athene noctua (кукумјавка)
Buteo buteo buteo (јастреб глувчар)
Carduelis carduelis carduelis (биљбиљ)
Carduelis chloris chloris
Columba palumbus palumbus (гулаб гривнаш)
Corvus corax corax (гавран)
Erithacus rubecula rubecula (црвеногушка)
Falco peregrinus peregrinus (сив сокол)
Gypaetus barbatus aureus (брадест мршојад)
Gyps fulvus (белоглав мршојад)
Hieraaetus fasciatus (планински орел)
Circaetus gallicus (орел - змијар)
Jynx torquilla torquilla (вртивратка)
Buteo rufinus rufinus (лисест глувчар)
Pernis apivorus (осојад)
Eremophila alpestris balcanica
Bonasa bonasia (лештарка)
Neophron percnopterus (египетски мршојад)
Cuculus canorus (кукавица)
Turdus merula merula (обичен кос)

 

 

 

Развој на областа

Истражувањето „Постојано следење на вегетацијата во областа со специјална заштита „Планините Џена - Пиново“ преф. Пела“ спроведено од Д. Траколис, П. Платис и Ј. Мелиадис (Национален институт за земјоделски истражувања - Институт за шумски истражувања) и се содржи во изданието со белешките од 4та Сегрчка конференција за полиња и ливади која се одржа во Волос (10 - 12 февруари 2004) во организација на МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКИ РАЗВОЈ И ХРАНА, ОПШТИОТ ДИРЕКТОРАТ ЗА РАЗВОЈ И ЗАШТИТА НА ШУМИТЕ И ПРИРОДНАТА СРЕДИНА и ГРЧКОТО ДРУШТВО ЗА ПОЛИЊА И ЛИВАДИ и го имаше за цел следењето (monitoring) на промените во деценијата 1989 - 1999, ги покажа следните резултати (стр. 363 - 368):

 

Категоријата на буката има претрпено најмали измени, а кај останатите категории на земјена покривка се јавува општо намалување. Особено во случајот на разни видови ливади, категоријата на ливади со трева покажува намалување за 11,23% од вкупната покриена површина, а следат ретките грмушки со намалена вегетативна покривка на површината за 6,58%. Значаен проблем во целиот опсег на активностите што се остварија во областа што се истражуваше беше присуството на облаци.

 

Табела 1. Постојани промени на вегетативната покривка во проценти % од вкупниот резултат на секоја категорија.

 

[1] Анализа на системот се врши во Атанасиадис Н., Шумска фитосоциологија во издание на Јахудис, 1985, стр. 44-56.

Категорија на покриеност

Промени во вегетативната покривка

Намалување

Делумно
намалување

Без
промени

Делумно
зголемување

Зголемување

Вкупно

Шумски површини

Бука

0,02

80,24

2,47

16,74

0,53

100,00

Шумски површини

Даб

3,67

75,15

1,52

18,77

0,88

100,00

Ливади со ливадарки

11,23

72,00

1,35

14,70

0,72

100,00

Густи грмушки

5,17

77,32

1,38

15,58

0,56

100,00

Ретки грмушки

6,58

68,85

1,95

22,25

0,37

100,00

Шума во Пефкото

Голема букова шума, од кој мал дел е неистражен. Состојбата е одлична, но заради надворешните опасности, се случува спора деградација.

 

Во областа на Ворас, како што се спомнува во Специјалниот план за управување, регистрирани се 157 значајни вида. Од нив, во областа на шумата Пефкото се регистрирани 10, како што се набројуваат во табелата подолу:

 

ТАКСОН

ОБЛИК

ОПШТА РАСПРОСТРАНЕТОСТ

УСЛОВИ

РАСПОРЕД ВО ПРОСТОРОТ

Dianthus cruentus Griseb.

Ливадарка

Балкан

 

СЗ од Пефкото

Silene roemeri Friv.

Ливадарка

Поширока распространетост

 

ССЗ од Пефкото

Cirsium appendiculatum Griseb.

Ливадарка

Балкан

 

ЈСЗ од Пефкото

Gentianella bulgarica (Velen.) Holub.

Ливадарка

Поширока распространетост

 

Добро Поле,

ЈСЗ од Пефкото,

Ramonda nathaliae Pancic & Petrovic

Ливадарка

Балкан

4

Падини СИ од Пефкото

Epilobium palustre L.

Ливадарка

Поширока распространетост

 

ЈСЗ од Пефкото

Rhinanthus minor L.

Ливадарка

Поширока распространетост

 

ЈСЗ од Пефкото,
Добро Поле

Rhinanthus pindicus (Sterneck) Soo

Ливадарка

Балкан

1,3, 4

ЈСЗ од Пефкото

Alchemilla gorcensis Pawl.

Ливадарка

Балкан

 

ЈСЗ од

Пефкото

Geum coccineum Sibth. & Sm.

Ливадарка

Балкан

 

ЈСЗ од Пефкото

 

 

1 = Локални ендемични

3 = ендемични видови за Балканот (се вклучуваат и одредени таксони кои се среќаваат во 1 - 3 станици надвор од полуостровот)

4 = Со поширока распространетост, но со крајна точка на појавување во конкретната област

 

Двата планиниски венци ѝ припаѓаат на мрежата НАТУРА 2000 (GR1240002, СЗО, Планина Џена и GR1240007, ЗСЗ, Планина Џена и Пиново), претставуваат Засолништа на диви животни и Специјална област за конзервација. Областа исто така претставува и Зона за специјална заштита (ЗСЗ, GR1140008), Место од значење на заедницата, Биогенетска резерва и Област од значење за птиците (GR038)[1].

 

 

[1] Шумска служба во Аридеа (Н. Ментис, Ј. Јоанидис), Грчко орнитолошко друштво.

Мошне густи дрвореди, што ја прави особено мрачна. Букова шума. Единствен елемент што го покажува човечкото присуство е ширењето на патната мрежа. И покрај тоа, патот сепак е шумски, земјен и сѐ уште не е асфалтиран. 

Одлична природна состојба, шумата е речиси негибната од човечка рака сѐ до денес.  

Не постои добро означување, и од една точка па натаму, луѓето што се качуваат првпат, може да се загубат. Патот е доста тежок, неопходно е теренско возило. Елемент на деградација е незаконската дрвосеча, со која се уништуваат сите шуми во областа. Од една точка веднаш до патот, се наоѓа една напуштена, речиси разурната градба, која би можела да се стане корисна.

Мошне низок степен на искористување, што не е неопходно негативно. Шумата привлекува луѓе кои ги интересира шумско пешачење и други активности, но сепак на ниско ниво.  

Се предлага благ туристички развој, со контролирани активности за екотуризам или образовни посети на училишта и факултети во шумата. 

Поврзување со шумите и планинските венци на Алмопија, шумите на планините Пиново, Џена, Пајко, шумата во Промахи-Ликостомо во близина на Добро Поле, шумата во Лутраки, Рамнобор и др.

Да се постават ознаки, особено на раскрсниците и кривините. Изградба на планинарски дом

Климата е влажна, континентална, со краткотрајно лето, без сув период и студена зима, за време на која снежните врнежи и деновите со голомраз се зголемени. Заради географската позиција на шумата, ореографскиот и топографскиот распоред на областа и постоечката вегетација, може да се прифати дека областа му припаѓа на контитенталниот климатски тип.

црн бор (Pinus nigra)
бел бор (Pinus silvestris)
бука (Fagus silvatica)
питом костен (Castanea Sativa)
даб (Quercus macrolepis)
јасен (Fraxinus)

црн јасен –топоним јасен (Fraxinus ornus)

дивокоза (Rupicapra rupicapra L.),
зајак (Lepuseuropaeus Pallas),
верверица (Sciurus vulgaris L.),
ласица (Martes foina Erxleben),
дива мачка (Felis sylvestris Schreber),
волк (Canis lupus L.),
дива свиња (Sus scrofa L.),
мечка (Ursus arctos L.)
 рис (Lynx Lynx Temmink)

стаорци, глувци и лилјаци

Πίνοβο – Τζένα