Skip to main content

Vulpes vulpes (Лисица)

Општи информации

Фигурата на лисицата е карактеристична. Нејзините остри уши, издолжени зеници, завртена муцка, ѝ даваат лукав изглед, што се забележува и во народните приказни: ја симболизира лукавоста и ѓаволијата.

Нејзиното крзно, во зима многу густо, во пролетта се менува и паѓа на парчиња. Крзното може да биде во различни бои, од јарко црвено до темно кафеаво.

Предните делови на нозете и задниот дел на ушите се црни. Крајот на опашката е секогаш бел. Лисицата има должина од 55-80 см. (опашка: 30-35 см.), тежина од 3 до 10 килограми. Едно е од дивите животни што знае најдобро да се приспособува на големите промени што ги направи човекот во хабитатот. Ги среќаваме како во густи шуми, така и во области со грмушки, паркови и во околиите на големи градови, општински депонии, каде им се допаѓа да бараат храна. Но, се чини дека ги претпочитаат густо пошумените области.

Храната што ја јадат е предмет на голем број расправи, бидејќи еколозите сметаат дека лисицата е еден многу селективен предатор, а некои ловци сметаат дека е штетно животно. Во реалност, лисицата знае да ги искористи сите прилики, и се чини дека ја приспособува својата исхрана во зависност од она што ѝ го нуди средината. Може многу добро да се специјализира за пленот, доколку областа и ја пружи таа можност. Лисицата е најопасна во мај, кога ги расте своите малечки. Тогаш е можно да ја видите во текот на денот да прави штети во единици за одгледување животни, во кокошарници и главно во области кои неодамна служеле како области за лов.

Лисицата е вешт ловец со ноќни навики, заради инстинктивната недоверба кон човекот. Го фаќа пленот прикрадувајќи му се или пак лови во пар: едната лисица го гони ловот (зајак), а другата демне за да го фати во некоја точка во која минува.

Тоа е животно на кое се концентрира вниманието на голем дел од нашето општество од различни причини. За жителите на земјоделските региони и одгледувачите на птици, таа претставува непријател, за ловците претставува ривал кој носи одговорност за намалувањето на населението на видовите за лов, за други земјоделци е сојузник во ограничувањето на штетите од глувци, а за еколозите, тоа е вид кој е прогласен за заштитен.

информации
место