Skip to main content

Rupicapra rupicapra (Дивокоза)

Општи информации

Дивокозата е најпретставителниот голем цицач на високите планини на Грција, едно од загрозените животни на Балканскиот Полуостров. Денес живее во седум различни географски области во Грција: северна, централно-источно од Пиндос, средна Грција, на Олимп, на Родопи, на Џена-Пиново и на Немерчика. Во спомнатите области видот има 19 групи население, кои вкупно бројат 700 единки. Видот се смета за редок, дури и во областите со најголема концентрација на население за грчки услови. Населенијата не комуницираат меѓусебно речиси во ниедна област.

Се хранат главно со разни растенија, а дополнително и со листови, гранки од дрва и со лишаи. Идеален хабитат за дивокозата се стрмните пошумени падини кои завршуваат со остри врвови. Карактеристична одлика се исправените и завртени наназад рогови, како куки, кои ги имаат како мажјаците, така и женките. Тежината им се движи од 28-45 кг. и живеат 15-20 години. Бојата на крзното им е светло-кафеава во лето, а во зима се менува во темно-кафеава, речиси црна.

Жестоките дуели помеѓу дивокозите се ретки, и хиерархијата се обезбедува со карактеристично држење на телото и однесувањето, па така, секоја единка знае каде ѝ е местото.

Главни закани за дивокозата е незаконскиот лов, деградацијата на хабитатот од прекумерно пасење и генетско ослабување на видот од постепено намалување на населението. Согласно грчкото законодавство, претставува заштитен вид и ловот е забранет на целата грчка територија. Исто така, видот е вклучен е во категоријата „Ретки“ на Црвениот список на загрозени видови во Грција.

информации
место