Skip to main content

Quercus pubescens (нежен даб)

Род

Quercus

Семејство

Fagaceae

General Description

листопадно дрво со просечна висина 12 - 20 м. Кората на почеток е сиво - кафеава, подоцна испукана и формира сува кора која се дели скоро на правоаголни цврсти делови, особено во долните делови на стеблото.

Листови

пирално распоредени со должина 5 - 10 см. и ширина 4 - 6 см. Основата има различни облици. Заоблен врв. Најголемата ширина ја достигнуваат во близина на врвот. Имаат брановидни рабови а постојат и видови чии рабови се назабени или сосем мазни. Страничните жили обично завршуваат во рабовите. Горната површина е темно-зелена, обично гола. Долната има светло - зелена боја и густи влакненца. Младите листови имаат влакненца од двете страни. Стеблото е долго 1 см. и влакнесто.

Цветови

еднополови. Еднодомно растение. Машките имаат зеленкасти висечки реси во основата на едногодишните гранчиња. Женските се индивидуални или во групи од 2 - 4 (5) на врвот од едногодишните фиданки, се наоѓаат на стебленцата на цветниците кои имаат облик на пченица. Цвета во мај.

Цветови

младите стебленца често се влакнести. 

Плод

орев со капаче (желад), без стебленце, полукружно со многубројни крлушки, наредени на желадот како керамиди, густи и влакнести. Желадот е овален со остар врв. Зрее на крајот на септември - почетокот на октомври со истата година кога цвета. Паѓа веднаш по созревањето.

Биолошки барања

бара топла клима, потребна му е длабока почва со хранливи материи. Бара сончева светлина.

Географска распространетост

Во јужна Европа, Крим, Кавказ и Мала Азија. Речиси во цела Грција.

Употреба

Кората на дабот е едно од најдобрите средства против крварење што постојат во природата. Тоа е одличен лек против пролив, гонореја и крварење. Пијалоците што се подготвуваат од кората помагаат кај болести како што се туберкулоза, запаление на крајници, перниоза итн. Прекумерната и долга внатрешна употреба може да предизвика стомачни проблеми и киселини.

Желадите се многу добра храна за животните. Дрвото е одлично за греење за оние што живеат во шумите. Добрите дрва даваат дрво со одличен квалитет за столарија и производство на намештај. Дрвото е компактно и тешко, темнокафеаво, со видливи облици кои се должат на големиот број годишни прстени. Има разни намени речиси кај сите дрвени конструкции.

информации
  1. Атанасиадис Н. Шумска ботаника ΙΙ: Дрва и грмушки во шумите на Грција, С. Јахудис и сораб. А.Д., 1986.

  2. http://www.alekati.gr/%CE%B4%CF%81%CF%85%CF%82_%CF%87%CE%BD%CE%BF%CF%8E%CE%B4%CE%B7%CF%82

Распределба на
категорија