Skip to main content

Lynx lynx (Рис)

Општи информации

Иако се најдени мал број траги од рис во планинската прекугранична област помеѓу Грција, пЈРМ, Албанија и Бугарија, не постојат убедливи докази кои го потврдуваат постојаното присуство на животното во нашата земја. Неговото присуство се намали на почетокот на 50-тите години, после големата дефорестација и проширувањето на патните мрежи кои ги уништија хабитатите.

Рисот е месојадно животно, трето по големина во Европа, после мечката и волкот. Има мало срце во однос на телото и затоа не може да трча брзо. Својот плен обично го дави, лови повеќе отколку што може да изеде и ги јаде само најдобрите парчиња. Пленот може да го чека со часови, скриен зад карпи или грмушки. Женката може да смени дури и 12 гнезда за да најде безбедно место за своите малечки. Видот им е најважното сетило и во споредба со човековово е 6 пати почувствително во ноќта. Може да го слушне минувањето на некое животно на оддалеченост од 500 метри.

Рисот е вид што е загрозен со исчезнување во многу земји во Европа и заштитен е со грчкото и европското законодавство. Единствениот непријател на рисот е човекот и главно незаконскиот лов (неговото крзно е меѓу најскапите). Голема улога исто така имаше и уништувањето на малите копитари, главно на срната, но и на дивокозата, кои претставуваа голем дел од неговата храна, што го натера да бара домашни животни, што имаше како резултат овчарите да убијат голем број рисови. 

информации
  1. Коминос Т. и Годис К., 2004 Прелиминарна студија за рисот (Lynx lynx) во областа на Кајмакчалан. Краен извештај. Програма ЕТЕРПС, Арктурос.

  2. Валакос, С., Π. ПафилисΠ. ГеоргакакисΓ. ПапамихаилΠ. ЛиберакисΧ. Симу и Κ. Таксидис, Диви цицачи, Национален и Каподистриски Универзитет во Атина, 2012.

  3. Цунис Γ., Цицачите во Грција, издавачка куќа Пергамини.

  4. http://www.arcturos.gr/el/index.php?option=ozo_content&perform=view&id=10&Itemid=6

  5. http://www.elet.gr/pages/wp-content/uploads/59-Pages-from-3o-praktika.pdf

  6. http://www.arkive.org/eurasian-lynx/lynx-lynx/

  7. http://www.lcie.org/Large-carnivores/Eurasian-lynx

место