Skip to main content

Gyps fulvus (Белоглав мршојад)

Семејство

Accipitridae

Потсемејство

Accipitrinae

Род

Gyps

Статус на присуство

Во Грција населението на мршојадот во 80-тите години беше околу 450 пара. Според понови процени, населението не е поголемо од 300 пара, а според други процени, околу 400- 500 пара или помалку. 

население

Во Грција населението на мршојадот во 80-тите години беше околу 450 пара. Според понови процени, населението не е поголемо од 300 пара, а според други процени, околу 400- 500 пара или помалку. 

Можни закани

Основните закани со кои се соочуваат овие птици се токсичните стапици и незаконскиот лов, како и напуштањето на традиционалните облици на одгледување стока.

Опис

Ова е вид кој формира колонии и се среќава на отворени површини со ретка вегетација, а прави гнезда на стрмни, не многу високи карпи. Површината на која ловат обично се протега во радиус од 30 - 40 км. околу колонијата, но единките кои бараат храна, може да се забележат и многу подалеку. Се хранат со мрши од стопански животни со средна и голема големина, како на пример коњи и говеда. Ги претпочитаат главно меките делови од мртвите животни, а имаат особена слабост кон внатрешните органи. Остриот вид, летачките способности и воглавно друштвеното однесување им помагаат да ги најдат мршите пред распаѓањето, што е особено корисно во топли клими, каде мртвите животни претставуваат извори на инфекции.

информации
  1. Акриотис Т., 1995. Грчки хабитати, авифауна и нејзина заштита. Во: Боназунтас М. и А. Кацаити, Одбрани теми од управувањето со средината. Музеј на природна историја Гуландри

  2. Делигеоргис Ј., 2004 Авифауната во северниот дел на реката Лудиас и влијанието на човековите активности врз неа. магистерски труд, Аристотелов универзитет во Солун.

  3. Казанѕидис С., Цакирис Р., Дималексис А., 2003 „Авифауната во псевдоалпските ливади на областа Џена - Пиново и активностите за нејзиното зачувување“ Во: Платис П. и Т. Папахристу (изд.), Белешки од 3та Сегрчка конференција за полиња и ливади , Карпениси, 4-6 септември 2002, стр. 469 - 476. Министерство за земјоделски развој и храна - Грчко друштво за полиња и ливади.

  4. Коминос Т., 1995 Китира - На патот на птиците. Грчко орнитолошко друштво

  5. http://www.poulia.info/2011/10/blog-post_1474.html

  6. http://bird-guide.l-studio.gr/sp.php?ln=gr&sp_id=87

  7. http://www.arkive.org/eurasian-griffon/gyps-fulvus

  8. http://www.europeanraptors.org/raptors/eurasian_griffon_vulture.html

  9. http://www.planetofbirds.com/accipitriformes-accipitridae-griffon-gyps-fulvus

  10. http://www.birdlife.org/datazone/speciesfactsheet.php?id=3378

место