Skip to main content

Castanea sativa (Костен )

Род

Castanea

Семејство

Fagaceae

General Description

листопадно дрво со висина 20 - 25 м. Кората на почеток има сиво - маслинеста боја, подоцна формира сиво - кафеава сува кора со пукнатини по должината.

Листови

наизменични листови во два реда со должина 12 - 20 см. и ширина 3 - 6 см. Листовите се тесни, овални до копјести со остар врв и клинеста основа. Горната површина е гола и темно-зелена, а долната има посветла боја, на почетокот има влакненца, а потоа е гола. Ивиците се многу запчести. Имаат парови жили со должина 15 - 20 см

Цветови

еднополови. Еднодомно растение. Цветниците имаат облик на пченица и должина 12-20 см. Цвета од средината на мај до средината на јули.

Плод

Плодовите се сјајни костени, со кожеста обвивка, остар врв, се јадат, а во дрвенестата обвивката - ежовка ги има 2 - 3. Ежовката е покриена со густи боцки и се отвора по созревањето во 4 неправилни дела. Созрева во октомври, во истата годината во која цвета. Големината на костенот зависи од влагата, видот и составот на почвата.

Биолошки барања

потребна му е длабока почва, влажна, растресита, богата со иловица, хумус и фосфор, кисела до неутрална. Живее во полусончеви места и чувствително е на мраз. 

Географска распространетост

нејзината природна географска распространетост, заради нејзиното ширење од човекот, сè уште не е познато. Денес се јавува во јужна Азија и северна Африка. Во Грција на планините речиси во целата земја. Костенот е прастаро дрво што го докажуваат разните наоди од бронзеното доба. Во средниот век беше храна на сиромашните.

Употреба

собирањето на костените прво се врши со чукање на плодовите на дрвото, а во продолжение рачно. Некои луѓе под дрвата ставаат мрежи за полесно собирање. Плодовите содржат 50% вода, 45% јаглехидрати и 5% растително масло. Се јадат печени или варени, се употребуваат во слаткарството и кулинарството во разни рецепти, но и како брашно, главно во разни области на Азија.

информации

­­­ Атанасиадис Н. Шумска ботаника ΙΙ: Дрва и грмушки во шумите на Грција, С. Јахудис и сораб. А.Д., 1986. 

Распределба на
категорија