Skip to main content

Atropos Belladonna

Семејство

SOLANACEAE

Ова семејство опфаќа билки и грмушки со паралелни или наизменични листови и машко-женски цветови, обично со облик на зраци, со венечни ливчиња и прашници. 

Плодот е зрнест Atropa (2 вида, 1 грчки). Најпознатиот вид е А. Беладона, кој во северна Грција се среќава во шумите или на ивиците на места покриени со шума. Името доаѓа од зборовите „α“ и „τρέπειν“ што значи „убива“, и „Belladonna“ што значи „убава жена“, заради одликата на супстанцијата атропин која ги шири зениците на очите. Природонаучникот Диоскуридис му го даде името на ова растение. Името на семејството се спомнува во грчката митологија, во приказната за едната од Трите божици на судбината, Атропос, која го сечеше конецот на животот.

General Description

Повеќегодишна висока билка со висина 0,50 - 1,30 м. Има големи овални листови со светло-зелена боја (како тутунот). Цветовите имаат облик на камбана, а потоа се претвораат во големи, црни и сјајни плодови со тркалезен облик и темно - црвен сок. Сите делови на растението се многу токсични. Сувите листови содржат атропин и скопаламин кои имаат наркотично и антисептично дејство. Растението е отровно, но драгоцено за производството на лекови.

Плод

Плодот е бобинка со осна плацентација или пак зажлебена чаура. 

Употреба

Atropa belladona е исклучително отровно растение. Високиот степен на токсичност постои во сите делови на растението, а особено во семето, корените и листовите.

Веќе со векови е познато како отров, и се употребуваше и како извор за производство на некои лекови, како Јоскиамин, кој е многу опасен за употреба, освен ако не се употребува од специјализирани лица.

Симптомите на труење од Беладона е сува и лута уста, воспалена кожа, гадење, конфузност и делириум.

Застапниците на хомеопатијата ја препорачуваат Беладона за болести кои имаат слични симптоми. Во хомеопатијата се употребуваат сите делови од Беладона. Растението се толчи и притиска со сокот измешан со алкохол за да се раствори.

информации

категорија